Поднесени 360 барања за користење паричен надоместок за средно образование во Куманово

Корисниците на условениот паричен надоместок за средно образование имаат можност до 30 септември, да аплицираат во Центарот за социјални работи Куманово за да го остварат ова право, информираа денеска, надлежните од установата.

 

Досега за користење на овој надоместок барање поднеле 360 корисници. Мерката е наменета за помош на семејства од социјален ризик кои имаат ученици во средно образование. Паричниот надоместок на годишно ниво изнесува 12.000 денари и се исплаќа квартално. Апликантите треба да обезбедат потврда за ученикот дека е запишан во редовно средно образование и да достават копија од трансакциска сметка на име на примателот на условениот паричен надоместок.



- Минатата година имало околу 900 корисници на ова право. Во одделението во Липково барање поднеле 221 лица, а во Куманово 139, изјави директорката на Центарот за социјални работи, Александра Арсовска.



Програмата „Условен паричен надоместок за средно образование" има за цел да го подобри пристапот и квалитетот на образованието, да го зголеми бројот на ученици запишани во средното образование од домаќинства корисници на социјална парична помош, како и да го поттикне реализирањето на задолжителното средно образование во  Македонија. На долгорочно ниво, програмата има за цел да ја зголеми вработеноста, да ја намали сиромаштијата и да создаде поквалитетна работна сила. Програмата ја спроведуваат Министерствата за труд и социјална политика, за образование и наука, за финансии, преку Центрите за социјална работа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.