СДСМ: Нервоза во врвот на ВМРО-ДПМНЕ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Октомври 2018
Нервоза во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, заглавени во барањето амнестија за Груевски прогласија над 600.000 граѓани за нерелевантни.
Нервозните реакции на раководството на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека опозициската партија се уште е заглавена во поразената матрица на Никола Груевски и барањето амнестија за криминалот.
Фокусирани на барање амнестија, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ целосно го загубија правецот на делување и недозволиво омаловажија над 600 илјади граѓани, прогласувајќи ги за нерелевантни.
Нема ништо порелевантно од волјата на над 600.000 граѓани.
Граѓаните се најважни!
Волјата на граѓаните на референдумот е јасно изразена, граѓаните се за иднина на Македонија во ЕУ и НАТО.
Над 600.000 граѓани кажаа дека се ЗА напредок и интеграција.
Сите пратеници, сите политички партии треба да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани и треба да се вклучат во процесите за членство во ЕУ и НАТО.
Центар за комуникации со јавност
Социјалдемократски сојуз на Македонија
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс