На унгарските бездомници од денеска им е забрането да спијат на јавен простор
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Октомври 2018
Во Унгарија денеска стапува во сила Законот со кој им се забранува на бездомните лица да спијат на јавен простор.
Уставниот амандман, кој беше усвоен од страна на Парламентот на 20 јуни по иницијатива на унгарската Влада, го заострува законот од 2013 година со кој се казнува спиење на јавен простор..
Бранителите на човекови права коментираат дека заканата од затвор за сторителите не е веројатно дека ќе го реши проблемот со луѓето што спијат на улиците и велат дека се потребни повеќе пари за да се спречи појавата на нови бездомници и овозможување покрив над главата за нив.
Според неофицијални податоци, во главниот град Будимпешта, има 30.000 бездомници. Унгарската Влада тврди дека има 9.800 места за преспивање во социјалните центри и веќе одобри 9,1 милијарди форинти (32,2 милиони долари) за помош на бездомниците.
Во јуни, известителот на ОН за домување Лејлани Фарха ја опиша подготвената мерка против бездомниците на Унгарија како „сурова и неспоива со меѓународниот закон за човекови права".
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс