Уапсен сопругот, осомничен за убиство на жената во Мала Речица

Доцна попладнево, во тетовското планинско село Гајре полицијата го пронашла и го лишила од слобода А.К.(53) од Мала Речица кој е осомничен дека минатата ноќ околу 22 часот и 30 минути смртно ја застрелал својата сопруга Х.К.(52), информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци при апсењето кај А.К. биле пронајдени и одземени две парчиња огнено оружје – пиштол и ловечка пушка.

-Тој веднаш бил донесен во полициската станица во Тетово каде ќе биде задржан за понатамошна постапка, а во текот на утрешниот ден со соодветен поднесок тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, најави Јосифовски.

Осомничениот ја застрелал својата една година помлада сопруга додека била на гости кај нејзините родители во Мала Речица, а при излегувањето од куќата пукал и кон таксистот Р.Џ.(50) кој за среќа не го погодил по што со своето возило избегал и се уште не е достапен на органите на прогонот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.