84 организации, здруженија и партии потпишаа меморандум да не се менува Уставот и да се распишат предвремени избори
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Ноември 2018
Организации и здруженија од Македонија и дијаспората кои се против промена на името и Уставот на Република Македонија денеска во Скопје потпишаа меморандум за стратешка соработка.
Меморандумот, како што беше посочено, го потпишаа претставници од 84 организации, здруженија и политички партии од Македонија и од дијаспората каде живее македонската заедница како Европа, Канада и Австралија. Меѓу нив, се и Единствена Македонија, ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција, Христијанско братство, Фронт за демократска Македонија……
Тие бараат запирање на активностите за промена на Уставот, распуштање на македонското Собрание и распишување на предвремени парламентарни избори. Според нив, со промената на Уставот се обезличува државата и се брише се што е македонско.
– Ова не е битка за партии и за власт, ова е битка за опстанок на еден народ. Влогот е голем и затоа ние мораме да го заштитиме името, идентитетот и традицијата на македонскиот народ, рече Јанко Бачев од „Единствена Македонија".
Според Филип Петровски од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција, на денот на референдумот поголем дел од населението кажало „не" на промените на името и Уставот на Република Македонија.
Најавија протести пред Собранието и други форми на дејствување, како и дека ќе одат пред домовите на пратениците кои се премислија и гласаа за потребата од уставни промени со цел да им врачат барање за да се предомислат.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс