Покрај другите болести, и аутизмот се јавува како резултат на загадениот воздух

Веќе е добро познато дека загадениот воздух штетно влијае врз здравјето на човекот. ПМ 10 честичките се мали честички кои го загадуваат воздухот.

 

Тие во себе го содржат целиот отров кој го испуштаат фабричките оџаци, возилата, електроцентралите итн.Тоа што се толку мали им овозможува да пробијат секаде во човечкото тело, а најопасно е кога ќе навлезат во белите дробови. Толку се мали што телото никако не може да се одбрани од нив и штом нападнат, секако навлегуваат во нас. Не им е проблем да стигнат и во најдлабоките делови на белите дробови.

 

Со самото дишење на ПМ 10 честичките, кои во неколку наши градови ги има и по пет пати над дозволените количини, сте сè поблиску до астма, хроничен бронхитис, намалена функција на белите дробови, проблем во обидот да земете здив, а значително се зголемени и ризиците од срцев ударили рак.

 

Најмногу на удар се децата кои страдаат поради тоа што нивните бели дробови сè уште се развиваат и им е потребен повеќе воздух отколку на возрасен човек. Кога кревкиот детски организам е изложен на ПМ 10 честичките, кај него почесто се појавуваат детски болести и што е најстрашно, белите дробови може да не се развијат како што би можеле кога воздухот би бил чист. Ваквиот воздух им ја намалува нивната функција уште додека се мали и потоа е доцна за подобрување на ситуацијата.

 

Со тоа расте и ризикот за заболување од астма. Покрај овие болести, научниците потврдуваат дека изложеноста на одреден вид загаден воздух во раното детство може значително да го зголеми ризикот од развој на симптоми поврзани со нарушувања од аутистичен спектар, се наведува во новото истражување на научници од Универзитетот Монаш, објавено во „Сајанс алерт“.

 

Одредени студии претходно укажуваа на можно влијание на загадениот воздух на неродените деца, но научниците од Монаш забележале дека постои континуиран ризик на развој на нарушувања од аутистичен спектар во првите неколку години од животот на детето, доколку тоа живее на подрачје со голем степен на загаденост.

 

  Истражувањето во Шангај го спроведоа експерти по јавно здравје, кои го набљудувале влијанието на загадениот воздух по здравјето на околу 1.500 деца. Истражувачкиот тим ги следеше животите на 124 аутистични деца и 1.240 деца кои немале дијагноза АСД. Испитаниците биле на возраст меѓу три и 12 години.  

 

Научниците ги поврзаа дневните количини на честички со големина од 1, 2,5 и 10 микрони со оние места каде тие деца живееле во првите три години. Тимот забележа јасен образец – децата кои во текот на првите три години биле изложени на честички со големина од еден микрон имаат 86 отсто поголема веројатност да појават симптоми на аутизам. Истражувањето покажа дека честичките со големина од еден микрон се поопасни по здравјето на луѓето од честичките со друга големина.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.