Унијата на ЗМСТАС бара повисоки плати за медицинските сестри

Унијата на Здружението на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри (ЗМСТАС) предводени од Здружението „За нас" во денешната реакција посочува дека во буџетот за 2019 се предвидуваат за 10 отсто повисоки плати за лекарите специјалисти, но никаде не се споменати медицинските сестри како клучна алка при подобрувањето на здравствените услуги.
 
 
– Срамота е што сестринската фела е повторно ставена на маргините во нашето општество. Медицинските сестри не се планирани во буџетите на здравствените институции за зголемување на платите, за едукации, за признавање на нашето образование, за нашите специјализации. Изминатиов период подготвивме и предлози за измените во Законот, подготвивме предлог решенија за проблематиките со сестрите концесионери…но, од Министерството за здравство немаат слух за нас, посочува Горданка Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС во реакцијата.
 
 
Тие ги прашуваат надлежните институции како ќе се подобрат здравствените услуги без да се овозможат правата на медицинските сестри.
 
 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.