АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Да донираме и да помогнеме Бојан Димитриевски (18) од Скопје повторно да застане на своите нозе

18-годишниот Бојан Димитриевски од Скопје е борец кој преживеа катастрофална сообраќајна несреќа од која има тешки последици. Тој во моментов се лекува во нашата држава, меѓутоа поради видот на повредите за негово целосно опоравување неопходно е лекувањето  да го продолжи во странство.

 

Неговата дијагноза е Quadriplegio. За таа цел, потребна е голема сума пари, која семејството на Бојан не може самостојно да ја обезбеди.

 

Се упатува апел до сите хумани граѓани кои се можност да помогнат со донација на парични средства, за да може Бојан што поскоро да замине и да го продолжи своето лекување во странство за да може повторно да застане на своите нозе.

 

Доколку сте во можност и сакате да помогнете средствата може да ги уплатите на следнава трансакциска сметка: 200003373418462 - Стопанска банка.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.