Утврдена програмата за одбележување на Денот на Албанската азбука

Националната установа „Музеј на Албанската азбука“-Битола ја утврди програмата за одбележување на 22 ноември, денот кога пред 110 години во овој град беше донесена одлуката за формирање на современата Албанска азбука.

 

Програмските свечености ќе почнат викендов со поетски час, но и други манифестации, а ќе завршат на денот на празникот со свечена академија, истакна Нуер Арслани, директор на НУ „Музеј на Албанската азбука“-Битола.

 

-Утре на јавноста ќе и презентираме три посебни изложби и тоа „Патување на буквите во Битола“ за што е интересно бидејќи станува збор за изложба со уметност на иглички, потоа уметникот Бурим Ајдини ќе има ликовна изложба, а за публиката ќе има и изложба на фотографии и документи на тема „110 години од Азбуката која не обедини“.  Вечерната програма ќе заврши со уметничка манифестација „Битола слави 110 години“ која ја организираме заедно со ЗРКУ „Конгресот на Азбуката“, потврди Арслани.

 

Завршните свечености посветени на големиот настан од пред 110 години во Битола, ќе се одржат на 21 и 22 ноември и во присуство на голем број научни работници, како и претставници на јавниот живот од градот, државата и странство, информираа од НУ „Музеј на Албанската азбука“-Битола.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.