Археолошки истражувања на локалитетот „Градиште“ во Кривопаланечко
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Ноември 2018
Одбран тим археолози, историчари на уметност и останат кадар работи интензивно на годинашната сесија истражувања на археолошкиот локалитет Градиште кај село Градец, Крива Паланка, во рамки на Годишната програма за проекти од национален интерес во културата на Министерство за култура на Република Македонија.
Ископувањата се дел од проектот „Заштитни археолошки истражувања на археолошки локалитет –Градиште во село Градец 2018 година“, финансиран од Министерството за култура.
-Овие истражувања се резултат од повеќегодишните напори на Локалната установа Градски музеј, Крива Планка за истражување на локалитетот, негова валоризација и туристичка презентација во контекст на туристичкиот комплекс во село Градец.
Локалитетот се наоѓа во особено значаен сакрален простор, покрај црквата „Св. Никола“ која датира од 19 век, а северно од Градиште, исклесана во карпа се наоѓа и испосницата на путиножителот Св. Јоаким Осоговски, што дополнително ја зголемува комплексноста и атрактивноста на наоѓалиштето, изјави директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски. Посета на каде е лоцирана и испосницата на пустиножителот, свети Јоаким Осоговски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс