Кучињата скитници остануват проблем за Општина Охрид
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Декември 2018
Охрид се уште не го решил проблемот со кучињата скитници што го имаат запоседнато централното градско подрачје.
Кучињата ги има насекаде низ градот. Во секое време Градскиот плоштад, чаршијата, парковите, улиците, тротоарите, влезовите пред продавниците се запоседнати од кучињата кои воглавно не претставуваат закана по луѓето, но се работи за животни чие однесување не може да се предвиди така што опасност постои.
Животинскиот инстинкт најчесто е неразбирлив за луѓето, особено за оние поединци што имат страв од кучиња. Тоа животните го чувстуваат и потоа се однесуваат агресивно, така што честопати се случува некое од животните да залае или да заржи на некои од минувачите, што по автоматизам е повик до останатите животни да е соберат и тогаш веќе работата не е повеќе наивна.
Не се ретки случаите кучињата да бидат агресивни, да ги следат минувачите, да лат и ржат по нив, но за среќа во Охрид досега нема напади со посериозни последици по луѓето, што не е исклучено како можност доколку се знае ситуацијата на терен.
Новиот состав на власта во Општина Охрид првиот контакт со медиумите го имаше токму на односната тема, решение за проблемот засега изостанува. Најавено беше дека проблемот со бездомните кучиња ќе се решава етапно, по фази, во соработка со соседните општини Струга, Дебрца и Ресен. Ситуацијата на терен покажува дека тој зафат се уште е пред првата фаза.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс