Во Охрид почнува чествувањето на патрониот празник „Свети Климент Охридски"

Со изложбата на книги „Свети Климент Охридски во македонската книжевност и научна мисла", Општина Охрид почна со чествувањата на престојниот патронен празник 8 декември – Свети Климент Охридски.

 

Изложбата ќе биде отворена попладне во 17 часот во Градската библиотека „Григор Прличев".

 

Агендата на чествување предвидува бројни културни настани и содржини: промоции на книги, изложби на фотографии, музички концерти и приредби на институциите што го носат името на патронот.

 

Централната манифестација е Свечената академија по повод Денот на Свети Климент Охридски, на која ќе бидат врачени годинашните највисоки општински награди и признанија што ги доделуваат Градоначалникот и Комисијата за доделување награди и признанија, а чии добитници се уште не се официјално соопштени. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.