Богата програма за новогодишните празници во Кавадарци

Греани вино и ракија со закуска, ќе се нудат за време на новогодишните празници во Кавадарци, во специјална новогодишна куќарка на градскиот плоштад, од страна на локален ресторан по симболични цени, информираа за МИА од локалната самоуправа.

 

-Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, општина Кавадарци започна со подготовка за дочекот на Нова Година.  Дочекот на градскиот плоштад и оваа година ќе биде исполнет со добра музика од кавадаречки бендови. Акустико лајт и M.A.D M8ts ќе бидат задолжени за создавање на одлична атмосфера за новогодишната ноќ. Како и секогаш, точно на полноќ ќе бидеме сведоци на спектакуларен огномет, соопштуваат од општината.

 

Од буџетот на општина Кавадарци за организирање на дочекот на новогодишната вечер се издвоени 300.000 денари.

 

-Од денеска започна и новогодишното украсување на градот кое е предвидено целосно да заврши до крајот на оваа недела, за таа намена издвоени се средства во висина од 1.500.000 денари. Последната недела од оваа година градоначалникот ќе подели новогодишни пакетчиња во сите училишта, во градинките и на социјално загрозените семејства, ќе се поделат околу 4.000 новогодишни пакетчиња, информираа од кабинетот на градоначалникот.

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за новогодишно украсување на градот. Согласно програмата,  во предновогодишно руво со светлечки украси се украсува централното градско подрачје и улиците во него. Светлечки украси ќе се постават на зградата на општината, потоа на градскиот плоштад, како и на улиците „Илинденска“, „Тиквешко востание“, „Мито Хаџи-Василев“, и „7 Септември“.

 

Годинава општината ќе ги украси и двата кружни тека, стариот кај автобуската станица и новиот кај училиштето „Гоце Делчев“.

 

Општината во пресрет на новата 2019 година ќе го украси и селото Ваташа каде покрај светлечки украси ќе биде поставена и елка. Целосното украсување треба да заврши во наредните неколку денови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.