Повторно е исчистена дивата депонија на патот Струмица-Валандово

 Дивата депонија на патот Струмица-Валандово, во близина на селото Костурино, деновиве повторно е исчистена по реакција на граѓани со акција на работната единица од одделението „Комунална хигиена" при ЈПКД „Комуналец".

 

Од депонијата, која се чистеше и во мај годинава, се подигнати големи количини на градежен шут, електрични апарати и зелен отпад.

 

Од ЈПКД „Комуналец" истакнуваат дека на депонијата непречено се депонира отпад најчесто во ноќните часови. За несовесните граѓани кои ја загадуваат животната средина од јавното претпријатие најавуваат содветни пријави и санкции.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.