Продолжува обновата на Спортскиот центар „Јасмин” во Кавадарци

Продолжува обновата на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, се работи на реализација на проектот на општината за оградување на објектот, информираат од кавадаречката локална самоуправа.

 

– Според планот,  со метална ограда во должина од 990 метри ќе се огради целата парцела на спортскиот центар. Оградата е висока два метра, а за нејзино поставување општина Кавадарци од буџетот издвои 2.500.000 денари. Паралелно со оградувањето беше извршена и реконструкција на урнатиот камен потпорен ѕид на северната страна од фудбалскиот терен. Фирмата „Метал Апостолов“ како општествено одговорна, донираше обновување на камениот потпорен ѕид, соопштуваат од општина Кавадарци.

 

Нагласуваат дека се преземаат и други активности за подобрување на условите за спорт и рекреација во овој спортски комплекс. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.