ВМРО-ДПМНЕ организира протестен марш во Велес

Црнила ја завија државата откако СДСМ е на власт. СДСМ ветуваше враќање на иселените, а две години откако се на власт иселувањето се зголемува, а на државата и се случува тивок егзодус поради неспособноста, расипништвото и лошата економска политика на картелот на власт.

Младите повеќе не гледаат услови за живот во Република Македонија.

Месечно амбасадата на Сојузна Република Германија издава над 1500 визи, додека амбасадата на Швајцарија од 500 – 700. Бројката е слична и за другите европски држави, а баратели се главно млади луѓе. Голем дел од нив се висококвалификувани кои одлучуваат трајно да се иселат од државата.

Црнилата кои ги предизвика оваа власт само за првите 10 месеци од годинава резултираа со 77 отпишани ученици од штипските основни и средни училиште, а како основа е наведено трајно иселување од државата. За истиот период од кочанските училишта се  испишани 20 ученици. Бројките за жал се слични и во другите градови низ државата, без разлика на регионот, источен или западен.

Економијата континуирано тоне. Граѓаните, занаетчиите и бизнисмените се се погласни. Работа нема, бизнисот е катастрофа , а просперираат само бизнисите на власта, додека народот едвај врзува крај со крај.

Зацрнетата  економија е пропратена со црнила во сите сегменти од општеството, како здравството, земјоделието, образованието, безбедноста, правосудниот систем. СДСМ целосно ја зацрни државата и ја украде надежта на граѓаните дека во Република Македонија можат да живеат, работат и основаат семејства. Овој тренд не смееме да дозволиме да продолжи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ организира протестни маршови ширум државата. Ги повикуваме сите граѓани кои се незадоволни од оваа ненародна власт да ни се приклучат на денешниот протестен марш во Велес со почеток од 13 часот.

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.