Утре ден на жалост во Охрид

Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод  ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно  донесе одлука утрешниот ден (17 декември)  да биде прогласеен за ден на жалост на територијата на општината.

 

Согласно одлуката, за утре се откажуават сите закажани манифестации од културно забавен карактер.

Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во Големата општинска сала,  по што во 14 часот на Градските гробишта во Охрид ќе се одржи погребот.

Градоначалникот на Охрид проф.д-р. Јован Стојаноски почина вчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.