All for Joomla All for Webmasters

Крводарителите од Делчево и Македонска Каменица во 2018 дале 776 крвни единици

Со целосно остварен годишен план за крводарување Општинската организација на Црвен крст Делчево зад себе имаше успешна 2018 година. Според податоците на Невенка Христова од општинската организација на Црвен крст, во 2018 година во Делчево и Македонска Каменица крводарителите дале 776 крвни единици.
 
 
– Морам да кажам дека годишниот план за крводарување во изминатата 2018 година беше целосно остварен, дури би рекла и надминат. Околу 110 проценти е реализацијата на годишниот план за работа или 776 собрани крвни единици. Ова е одлична бројка која покажува дека крводарителите од Делчево и Македонска Каменица биле активни и целосно ја покажале својата хуманост на дело. Во вкупната бројка на собрани крвни единици влегуваат и оние кои се собрани од крводарителските акции кои ги реализиравме со претставници на Министерството за внатрешни работи. На сите крводарители јавно им се заблагодарувам и им посакувам добро здравје и уште многу акции во 2019 година, истакна Христова.
 
 
Во 2018 во Делчево и Македонска Каменица се спроведени вкупно 15 крводарителски акции од кои 10 акции во Делчево и пет во Македонска Каменица. Општинската организација на Црвен крст Делчево организирала и три крводарителски акции со припадниците на Министерството за внатрешни работи.
 
 
Првата крводарителска акција во Делчево за 2019 е закажана за 10 јануари, четврток со почеток во 9 и 30 часот.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.