ВМРО-ДПМНЕ: Проекциите на Владата ниту се кредибилни, ниту точни

Проекциите на Владата ниту се кредибилни, ниту точни. Македонија со СДСМ во 2017 година доживеа стагнација на економијата со нула проценти раст, во период кога Заев ветуваше раст од 5%.

 

СДСМ ветуваше економски раст од 5% во сите години од нивниот мандат,втора година од власта на СДСМ, а не сме ни блиску до 5%.

 

Проекциите за раст на економијата во 2019 година од 3.2% исто така не се ни приближни до ветените 5%.
Зоран Заев и СДСМ ги излажаа граѓаните. Економијата тоне, а работат само бизнисите на олигархијата на власт, додека граѓаните едвај преживуваат.

 

Економија во која царува криминал и корупција, како во Македонија под власт на Заев не може да оствари 5%, се додека СДСМ е на власт поголем раст не е возможен, токму затоа и треба да си заминат.

 

Црнилата кои ја обвиткаа економијата мора да си заминат. Мора да изгрее зората. Македонија заслужува да оди напред.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.