Верниците во Струмица се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј

Од синоќа православните верници се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики.

 

Во црквата „Свети Кирил и Методиј" во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, традиционално  се изложуваат на поклонение дел од моштите на овој светец.

 

– Моштите на Свети Василиј  за нас значат многу. И оваа година, како многу години наназад, се изложени моштите на Светителот. Изложени се од синоќа, по вечерната литургија и денес до пладне, рече Отец Григориј од Струмичка Епархија.

 

Според преданијата моштите се донесени во Струмица од 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта, кој служел во војската на Турската империја.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.