Зголемен бројот на туристи во ноември

Зголемен број на туристи и на ноќевања во ноември лани евидентира Државниот завод за статистика. Според денеска објавените податоци, бројот на туристи во ноември бил зголемен за 12 проценти, а бројот на ноќевањата за 9,2 проценти во однос на истиот месец во 2017 година.

 

Податоците покажуваат дека во ноември бројот на туристи изнесувал 56.948, а бројот на ноќевањата 126. 373.

 

Бројот на домашни туристи е зголемен за 16 проценти, а бројот на странски туристи за 9,8 проценти. И кај ноќевањата, поголемо зголемување има кај ноќевањата на домашните туристи отколку кај ноќевањата на странските туристи.

 

Во периодот јануари − ноември лани во однос на истиот период 2017 година, бројот на туристи е зголемен за 13 проценти, а бројот на ноќевањата за 14,7 проценти. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.