Во Велес регистрирани првите случаи на заболени од грип

Во ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес во  изминатата недела биле регистрирани првите тројца заболени од грип. Како што информира за МИА, епидемиологот д-р Билјана Трајкова станува збор за лица во возрасната категоријата од 19 до 65 години.

 

Таа потенцира дека јануари  е вообичаен период за појава на грип и дали истиот ќе се прошири зависи од повеќе околности на теренот. Сепак најдобра заштита е одбегнување на масовни настани и контакт со заболени лица, бидејќи вирусот лесно се пренесува.

 

Лани во јануари во Велес имало само 13 лица заболени од грип, најмногу 232 биле регистрирани во февруари, а во март 148.

 

Во изминатите години имало случаи грипот да се појави уште во ноември или декември.

 

Трајкова потсетува дека најдобра заштита од грип е вакцинирање, а годинава во Велес со вакцина од грип односно од четири типа на вирус на грип  се заштитиле над 700 граѓани, воглавно постари лица и  хронично болни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.