Две средни училишта и општина Кочани ќе добиваат струја од сончева енергија

Двете средни училишта во Кочани, „Љупчо Сантов“ и „Гошо Викентиев“, како и зградата на Локалната самоуправа ќе добијат фотоволтаични системи за производство на струја од сончева енергија.

 

Средствата во висина од два милиони евра се обезбедени од Министерството за финансии, преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

 

-Со инсталирањето на фотонапонските системи ќе се постигнат значајни заштеди во трошоците за струја кај трите јавни објекти, а истовремено ќе се зголеми и искористеноста на обновливите извори на енергија. Веќе е избрана фирма што ќе ги испорача и монтира фотоволтаичните панели, за што веќе се доставени потребните параметри за инсталација на системите, истакна Сашо Стојменов од Секторот за локален економски развој на општина Кочани.

 

Според најавите од изведувачот, поставувањето на системите треба да се реализира во наредните два месеци, а трите објекти се први од јавниот сектор во Општината што ќе добијат алтернативен и обновлив извор на електрична енергија. Во изминатиот период слични системи во Кочани беа поставени на стопански објекти од приватниот сектор.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.