Пехчевци се подготвуваат за Водици

Во Пехчево течат последните подготовки за прослава на големиот христијански празник Богојавление – Водици. Од општината информираат дека во тек е пријавувањето на верниците кои ќе решат да скокнат по крстот во водите на реката Писа.
 
 
-Во повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, црквата  „Св. Петар и Павле“ ќе одржи света божествена литургија. Литургијата ќе започне во 8 часот, додека чинот на фрлањето на светиот крст во водата на реката Писа е најавено за во 10 часот во центарот на Пехчево. Сите учесници кои ќе скокаат во водата по светиот крст треба да извршат медицински преглед кај својот матичен лекар, истакна Живко Каликов од Општина Пехчево.
 
 
Каликов додава дека за најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст предвидени се награди од градоначалникот на Општина Пехчево и црквата „Свети Петар и Павле“.
 
 
-Како што е и традицијата, оној кој ќе биде најсреќен и ќе го фати крстот во реката Писа, од локалната самоуправа ќе добие LCD телевизор, а за многубројните посетители на оваа манифестација, која од година во година станува се помасовна, локалната самоуправа и оваа година обезбеди бесплатни топли пијалоци за сите присутни, додава Каликов.
 
 
Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Јован Крстител го крстел Исус Христос во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата, а кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.