Дебарските пожарникари годинава со две, лани со 109 интервенции

Во изминатите петнаесет дена од оваа година дебарската Територијална противпожарна единица имала две, додека лани 109 интервенции.

 

Споредено со претходната година, дебарските пожарникари, кои интервенираат во општините Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше, односно подрачјето на Река, имале помалку работа.

 

Според командирот на единицата Џетан Мифтароски, бројот на интервенци е речиси 50 отсто помал споредено со 2017 година, колку што е помала и предизвиканата материјална штета.

 

-Лани имавме 109 интервенции. Од нив 90 се пожари, при што 27 се на објекти додека 63 на отворен простор, главно стрништа. Две се интервенции на сообраќајни возила и 17 други технички интервенции. Вкупната предизвикана материјална штета е 4.581.750 денари. И бројот на пожарите и материјалната штета се помали за 50 осто споредено со 2017 годна, изјави Мифтароски за МИА.

 

Посочува дека причинетата материјална штета е помала благодарение на брзата интервенција, што е резултат на добрата опременост, кадровската екипираност и обученост на единицата.

 

Според Мифтароски, бројот на пожарите е помал поради зголеменото ниво на совесност кај граѓаните, што е резултат на редовните апели и превентивно-едукатвните средби со нив.

 

Бидејќи се наоѓаме во период на грејна сезона, Мифтароски упатува апел до граѓаните редовно да ги чистат оџаците, бидејќи лани причината за поголемиот број од пожарите во објекти биле токму неисчистените оџаци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.