Стипендии за студентите од Виница

Студентите од Виница од денеска можат да се пријавуваат на конкурсот за стипендии што го објавија здружението “Свет крст“ и општина Виница, а што се однесува за тековната студиска година.

 

Висината на стипендиите дополнително ќе биде утврдена во зависност од донациите што ќе пристигнат од локалните компании, но според најавите се очекува да се обезбедат околу половина милион денари, што би било доволно за деветмесечна поддршка на дваесетина студенти.

 

– Стипендирањето е планирано за периодот од октомври до јуни, а изборот на студентите што ќе добијат помош е врз основа на месечниот приход по член од семејството. Предвид се зема и бројот на студенти во едно семејство, а предност ќе имаат деца на самохрани родители. Еден од условите е кандидатите да студираат на некој од државните универзитети во Македонија, истакна Ивица Димитров, претседател на здружението „Свет крст“.

 

Доделувањето на финансиската помош за студентите Здружението ја започна пред десетина години, а по неколкугодишниот прекин активноста беше обновена лани со стипендирањето на 21 студент кои добиваа помош од 2.200 денари месечно.

 

Заинтерисираните кандидати за стипендија треба да достават соодветна документација во просториите на општина Виница, а пријавувањето трае до крајот на јануари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.