Советот на општина Гевгелија во 2018 година заседавал 15 пати

Советот на општина Гевгелија во изминатава 2018 година одржал 15 седници на кои расправал за разни прашања од своја надлежност. На дневен ред пред советниците се нашле вкупно 279 акти од кои за 226 било дадено зелено светло.

 

Од градоначалникот Сашо Поцков на разгледување биле предложени 115 акти од кои два не добиле поддршка, а од другите предлагачи, главно државни и локални јавни установи и претпријатија, биле предложени 164 акти од кои биле донесени 113, потврдија од Советот на општина Гевгелија.

 

Сите 279 акти што се нашле на разгледување пред советниците претходно биле разгледани од страна на општинските надлежни комисии кои во текот на изминатава година заседавале вкупно 75 пати.

 

На последната седница минатата година, Советот го усвои буџетот на општина Гевгелија за 2019 година и констатираше престанок на мандатот на двајца советници кои поднесоа оставки поради обврските од професионалниот ангажман, а на првата годинашна седница, што е во фаза на подготовка, по добиено известување од општинската изборна комисија, треба да се изберат двајца нови советници од листата на СДСМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.