СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против концептот едно општество за сите, Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот

ВМРО-ДПМНЕ предводено од антизападниот Христијан Мицкоски продолжува со деструкциите преку кои работи спротивно на интересите на граѓаните и државата.

 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори.

 

Криминалната ВМРО ДПМНЕ позната по 11 годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата.

 

Шефот на Мицкоски од Будимпешта се уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните.

 

Иако по секоја цена се обидуваа, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успееја да го блокираат членството во ЕУ и НАТО. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат да го блокираат напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.

 

Волјата на граѓаните, правата на граѓаните и законите мора да бидат почитувани од секого.

 

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани.

 

СДСМ се определи за политики што ставаат крај на поделбите и ја градат Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници.

 

Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка, а Законот целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик.

Социјалдемократски сојуз на Македонија

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.