Младите од Црвен крст – Кавадарци поделија флаери со препораки за заштита од студеното време

 Младите од Црвен крст – Кавадарци, денеска поделија флаери со препораки за заштита од студеното време. Активностите се со цел информирање на пошироката јавност за превенција од измрзнување.

 

-Флаерите содржат корисни информации за соодветно обезбеден дом, соодветна облека за студеното време, препознавање на личните знаци на премрзнување и општи информации, како совети за користење на топли напитоци, соодветна облека, физичка активност и друго, појасни за МИА, Розе Илова, секретар на Општинската организација на Црвен крст.

 

Во зависност во временските услови, ќе бидат дистрибуирани флаери со пригодна содржина за студеното време и во образовните институции и на јавните места во општините Кавадарци и Росоман.

 

-Дел од советите се да се пијат течности што не се студени, да не се ракува со студени предмети со голи раце, да се јаде доволно, бидејќи тоа ја одржува температурата на телото, да се избегнува алкохол кој го зголемува ризикот од хипотермија, да се има пристап до ќебиња, да се промени влажна облека со сува и да се стави изолација на подовите и столиците, додаде Илова. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.