Општина Гевгелија ќе споделува искуства за мигрантската криза со општини од неколку земји

По успешно воспоставеното партнерство во рамки на програмата „Европа за граѓаните“ општина Гевгелија и Фондацијата за локален економски развој и информатичка технологија станаа дел од проектниот тим што ќе го реализира одобрениот проект за согледување на искуствата од мигрантската криза.

 

Стекнатите искуства од мигрантската криза гевгелискиот тим ќе ги споделува во партнерство со девет европски општини меѓу кои се општините Пеонија од Грција, Бриндизи и Рочела Јоника од Италија, Виатор од Шпанија, Свиеги од Малта, Варна од Бугарија, како и младинскиот клуб на УНЕСКО од Солун.

 

Апликант и носител на проектот е општината Пеонија од Грција со која општина Гевгелија има традиционално добра и успешна соработка. Првата средба на проектните тимови ќе се одржи од 16 до 19 февруари во италијанскиот град Рочела Јоника.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.