Деветоодделенец го фати крстот во Дебар

Деветоодделенецот Христијан Јаковлевски е најсреќниот од трите момчиња кои денеска скокнаа по светиот крст во Дебар.

Пресреќен сум. Првпат го фаќам светиот крст. Посакувам многу здравје, среќа и радост за сите, мир и благосостојба во целиот свет. Бог се јави, за многу години да ни е овој голем празник, изјави Јаковлевски.

Светиот крст во базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка", го фрли намесникот на дебарската парохија, Миле Ангеловски.

На  богослужбата и фрлањето на крстот присуствуваа поголем број дебрани кои живеат во други градови во државата и надвор од неа.

Еден од нив беше и Коста Аврамовски, кој повеќе од три децении со семејството живее во Австралија и кој годинава е кум на „Водици". Тој на Христијан му подари икона и златен крст.

– Живеам во Австралија, но секогаш во срцето ги носам Македонија и Дебар, каде што сум роден и каде пораснав. Секоја година од пред Божик до Водици сум тука во Дебар. Посакувам здравје, среќа, благосостојба за сите Македонци каде и да се, изјави Аврамовски.

Црковниот одбор обезбеди подароци за трите момчиња кои скокаа по светиот крст.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.