Тешко повреден велосипедист од Свети Николе

Велосипедист од Свети Николе синоќа тешко е повреден во сообраќајка што се случила околу 19:15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово.

 

Како што е наведено во денешниот билтен на МВР, 33-годишниот Ј.З. од Свети Николе управувајќи патничко возило „Фолксваген голф" со штипски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Т.М.(69) од Свети Николе.

 

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.