Зголемена фреквенција на возила на македонско-бугарската граница кај Деве Баир

Во текот на изминатото деноноќие на граничниот премин Деве Баир влегле околу пет илјади граѓани во Македонија, а зголемена фреквенција на возила се очекува и денес.
 
 
Подолга колона возила кои чекаат за влез во државата се формира по дванаесет часот, но времето на задржување на возилата на граничниот премин е помалку од половина час, колку што е потребно за проверка на документите.
 
 
Според информациите од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток, зголемениот број возила е поради тоа што завршува зимскиот распуст за учениците и најголем дел од граѓаните се враќаат од зимските туристички центри Банско, Боровец и Три буки. 
 
Одговорните служби очекуваат дека денес ќе биде надмината вчерашната бројка на возила кои ја поминале македонско-бугарската граница. 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.