Нобелова награда за мир за решавање на 30-годишен спор
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 27 Јануари 2019
Премиерите на Република Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се номинирани за Нобеловата награда за мир.
Нивните кандидатури беа поднесени од страна на претседателот на групата на прогресивниот алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, како и од Удо Булман и Ска Келер од групата на зелените, соопштија медиумите.
Заев и Ципрас успеаја да го решат 30-годишниот спор за името на Република Македонија. Договорот од Преспа, кој беше потпишан на 17 јуни 2018 година веќе е ратификуван од парламентите на двете земји. На овој начин, Македонија го отвора патот за нејзината евроатланска интеграција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс