ТРЕТА ЖРТВА ОД МОРБИЛИ! На инфективна уште седум нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека синоќа на Клиниката за детски болести починало 13-месечно дете од тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), кое претходно не било вакцинирано.

 

Министерството за здравство во соопштението изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

 

Од Министерството апелираат до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување.

 

На Клиниката за детски болести во Скопје претходно почина 13 месечно бебе од Свети Николе,а првата жртва беше 6 месечно бебе кое почина на инфкетивната клиника . 

 

Седум новозаболени со морбили вчера се јавиле на преглед на Клиниката за инфективни болести, информираа од клиниката.

 

Од нив три се задржани на лекување на Клиниката и тоа една 32-годишна пациентка од Сарај, едно дете на возраст од една и пол година од Кисела Вода и уште едно дете на возраст од една и пол година од Чаир. Сите биле невакцинирани.

 

Четворица од заболените се амбулантски прегледани и се пуштени на домашно лекување.

 

На Клиниката има 26 пациенти од кои четворица се возрасни, 22 се деца од кои најголем број се на возраст од една и под една година.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.