Вакцинацијата не е на задоволително ниво, 15.000 деца треба да се вакцинираат

Вакцинацијата во Република Македонија не е на задоволително ниво за да се одржуваат 95 отсто заштитен имунитет кај населението. За да запре епидемијата 15.000 деца кои не се вакцинирани треба да се вакцинираат, изјави епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

 

Посочи дека тринаесетмесечно дете од селото Палатица во тетовскиот регион кое почина на Клиниката за инфективни болести поради компликации предизвикани од морбили (мали сипаници), а кое претходно не било вакцинирано, до 21 јануари заради други тегоби било префрлено на Клиниката за детски болести каде било лекувано, а потоа било вратено дома.

 

– Вечерта спроти 9 февруари е префрлено на Инфективната клиника заради типична слика на морбили. Бидејќи клиничката слика покажувала многу тешка состојба, тоа во ноќните часови е вратено на Детската клиника и егзитира во доцните часови. Ова e трет смртен случај од компликации од морбили во оваа календарска година, рече Караџовски.

 

Потенцира дека освен вакцинацијата не постои друг друг лек во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази. Според него, со апстиненцијата од вакцинацијата, родителите го доведуваат своето дете во огромен ризик и прават нешто за кое може да се каат цел живот.

 

–  Ако не се вакцинирани родителите може да се доведат во ризик да заболат и да ги заразат децата, кои не се ни криви ни должни, Законот е многу јасен. Секој оној родител кој нема да го вакцинира своето дете подлежи на казна од 350 евра нагоре. Тоа што никој не платил казна ќе им се обратите на судовите, рече Караџовски и упати апел до родителите да ги вакцинираат децата.

 

Нагласи дека МРП вакцината е од Белгија и е квалитетна.

 

– Вакцините се набавени во време на ВМРО-ДПМНЕ, се трошеа две години и вакцинирани се 40.000 луѓе, а 20.000 луѓе се вакцинирани додека СДСМ е на власт. Ако во овој период се дадени повеќе од 10.000 дози, дали има реакција, праша Караџовски.

 

Додаде дека во врска со состојбата со морбили денеска состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.