Демократски сојуз: Државните институции да реагираат по автобуската несреќа

По автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници, а осуммина се во тешка состојба, неопходна е соодветна реакција од државните институции.

 
За да се избегнат ваков вид на несреќи и да се намалат последиците Демократскиот дојуз бара:
 
1. Да се направи вонреден технички преглед над сите автобуси на ДУРМИ-ТУРС, но и на автобусите и комби-возилата на другите компании со кои се превезуваат патници.
 
2. Да се направи вонреден увид над сите станици за технички преглед од независни експерти.
 
3. Да се спречи судир на интереси односно ист сопственик да не може да врши технички преглед на возила во негова станица за технички преглед.
 
Инаку оваа несреќа со катосрофални последици бара и анализа на поставеноста на целикупниот систем во државата од превентивно дејствување, па се до намалување на можните последици.
 
Во оваа насока предмет на анализа треба да биде и системот за информирање, дејствувањето на првата медецинска помош, прифатот и третманот на повредените и расположивите капацитети, дејствувањето на системот за заштита и спасување, на полицијата (придржување на работно време на возачите, здравствената состојба и сл.), јавното обвинителство…
 
Демократски сојуз
 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.