Костени и ореови насади изгореа во пожар во атарот на Вевчани

Во атарот на Вевчани вчера изгореле 1.500 костенови насади и 214 ореви, соопшти СВР Охрид. Според полицијата, пожарот се случил околу 14 часот на местото „Суво поле".

 

– На една парцела целосно изгореле 1.500 костенови и 200 ореови насади, сопственост на фирма, а на втората парцела 14 ореови насади и двеста метри црево од систем за наводнување „капка по капка", дадени под концесија на фирма од Вевчани, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

Пожарот бил целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Струга. По овластување на јавен обвинител, извршен е увид на местото на настанот.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.