Општина Гевгелија ќе одвои 13 милиони денари за поддршка на културата и спортот

 На конкурсот за финансирање програми и проекти од областа на културата и спортот за 2019 година во Гевгелија поднесени се 71 апликација. Од општината потврдија дека 44 апликации се за развој на културата, а 27 за спортски активности.

 

Општината годинава ќе издвои 13 милиони денари од кои со четири милиони денари ќе се поддржат дејностите на културните установи и ќе се поттикнат и други културни активности, а девет милиони денари ќе се инвестираат за поддршка на спортот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.