Со новите печати во пасошите, нема да има потреба од дополнителните листови за патување во Грција

Печат со новото име Република Северна Македонија почна да се става во пасошите при влез или излез од државата, во согласност со спроведувањето на обврските од договорот од Преспа.

 

МВР, во согласност со одлуката на Меѓуресорската група, се задолжува да ги преземе сите потребни мерки и активности за спроведување решение во преодниот период до создавање технички претпоставки за издавање нови патни исправи.

 

Издавање на новите пасоши треба да почне од крајот на 2019 година, а во преодниот период МВР при излез или влез на граничните премини во постојните или новоиздадените патни исправи ќе става печат, со што ќе појасни дека патните исправи и припаѓаат на Република Северна Македонија.

 

Замената на патните документи со новото име на државата ќе бидат на трошок на граѓаните. МВР треба да ја почне постапката за набавка на нови патни документи, а старите документи остануваат во важност до истекот на техничкиот рок утврден со договорот од Преспа, а тоа се пет години. Ова значи дека секој граѓанин во рамките на редовната постапка кога ќе го менува пасошот, ќе го добие новиот и ќе ја плати цената што е редовна за замена на патните исправи.

 

За патување во Грција повеќе нема да има потреба од дополнителниот лист, а нашите државјани ќе треба да приложат само пасош во кој стои печатот на Република Северна Македонија. Од  МНР информираат дека дополнителниот лист повеќе не важи. При влез и излез од Грција тамошните погранични служби досега печатот наместо во патните исправи го ставаа на дополнителниот лист. Листот повеќе нема да важи, а печатот ќе се става во патните исправи, но се чека и официјално известување од грчкото МНР до надлежните служби по што ќе почне и практичната примена на оваа одлука.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.