Битолски „Водовод" почна соработка со ЈП „Водовод" од Призрен

 Менаџерските тимови на ЈП „Водовод" од Битола и ЈП „Водовод" од косовскиот град Призрен, почнаа соработка во чии рамки се пренесување на знаења и искуства од одржување на водоводни инсталации, водоснабдување и одржување на механизација.

 

Гостите од Призрен посебно се интересираа за системот СКАДА кој овозможува автоматско управување со распределбата на водата, откривање на загуби на вода и сигнализира промени во системот, посочи Горан Козаров, генерален директор на ЈП „Водовод"-Битола.

 

-Нашиот менаџерски тим секогаш е отворен за соработки, пренесување на знаења и искуства, но и преземање на туѓи искуства кои овозможуваат поефикасна работа на претпријатието. Колегите од Призрен ги запознавме со инвестициите во новата баждарница за сатови-водомери, за работата на системот СКАДА кој овозможува брз проток на информации, како и за проектите кои сме ги реализирале во изминатиот период. Патем, со задоволство информиравме дека минатата година ЈП „Водовод"-Битола го прослави големиот јубилеј, 90 години од денот на формирањето, нагласи Козаров.

 

ЈП „Водовод"-Битола негува меѓународна соработка и со други јавни претпријатија од странство.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.