Вчера тринаесет заболени од морбили, дете и возрасен во тешка состојба

Тринаесет заболени со морбили се регистрирани во текот на вчерашниот ден од кои седум се примени на болничко лекување, информираат од Министерството за здравство согласно податоците од Клиниката за инфективни болести.

 

Станува збор за четворица возрасни од Скопје и Велес, меѓу кои една 37-годишна жена е со потешка клиничка слика. Другите тројца возрасни се со непознат вакцинален статус.

 

Примени се и три деца меѓу кои едногодишно дете од Тетово со тешка клиничка слика кое е на Одделот за интензивно лекување и во тек е дијагностичка обработка, 20-месечно дете од Кисела Вода, кое има пневмонија и четиримесечно дете од Куманово со пневмонија. Сите деца се невакцинирани.

 

На Клиниката за инфективни болести во моментов има 21 пациент со морбили од кои седум се возрасни и 14 деца главно под една година. На Одделот за интензивно лекување освен детето во тешка состојба има и еден возрасен пациент на 56 години, кој е ставен на апарат за механичка вентилација, а за кој во текот на денов ќе се добие потврда дали станува збор за морбили.

 

Амбулантски се прегледани шест пациенти кои се пуштени на домашно лекување од кои тројца се возрасни, двајца невакцинирани и еден со непознат вакцинален статус, а три се деца од кои едно е со една доза вакцина додека другите две се невакцинирани. Сите се од Скопје. На домашно лекување ќе бидат пуштени пет пациенти, информираат од Министерството за здравство.

 

Од прогласувањето на епидемијата во декември, досега, се регистрирани 280 заболени, а тројца починаа. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.