Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Христијан Мицкоски и Никола Груевски

СДСМ смета дека случувањата со инцидентот во затворот „Скопје" во Шутка во кој беа инволвирани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се обид на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање на јавноста од улогата на партијата како осомничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април.

 

- Медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ денеска синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио. Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата „8- Септември" е само уште една потврда за тоа.

 

- Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот. СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство. Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски, изјави вечерва портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

 

Очекуваме, рече тој, сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.

 

- Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има, додаде партискиот портпарол.

 

На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април". За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски.

 

Повеќе медиуми денеска објавија дека Јанакиески и Ристовски, биле повредени во физичка пресметка во затворот. Оттаму го потврдија инцидентот, но посочија дека предизвикувачи биле Ристовски и Јанакиески.

 

Од ГОБ „8-ми Септември", потврдија дека кај нив бил примен Јанакиески, но не му биле констатирани телесни повреди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.