Се повеќе граѓани кои го избираат бесплатниот начин за телевизиски услуги со домашни канали, меѓу кои и 1-ва скопска

Побрз мобилен интернет, најсовремени телефонски апарати и подобра грижа за корисници би биле причина за промена на операторот за 24,6 проценти, а подобар квалитет на говорни услуги 22,8 проценти од испитаниците опфатени со последната анкета на Агенцијата за електронски комуникации.

 

Анкетата е спроведена од 27 септември до 12 октомври минатата година на територијата на државава на случаен репрезентативен примерок од 1100 испитаници корисници на некоја од електронските комуникациски услуги: фиксна телефонија, мобилна телефонија, интернет и телевизија.

 

Процентот на корисници на интернет преку мобилен телефон е во постојан пораст и во 2018 година достигнал 67,8 проценти. Најголемиот дел од корисниците на интернет преку мобилен телефон (96,1 процент) користат апликации за комуникација меѓу кои најкористени се Вибер (98,8 проценти) и Фејсбук месинџер (87 проценти).

 

Бројот на корисниците на мобилна телефонија  постојано бележи благ пораст и во 2018 година изнесува 96,8 проценти.  Во последните три години користењето на оваа услуга од лицата кои ја поседуваат постојано се намалува, односно скоро половина од испитаниците што поседуваат фиксна линија никогаш не ја користат за повици, таа ја имаат само поради интернет.

 

Пристап до интернет имаат 84 проценти од домаќинствата додека 78 проценти од населението користи интернет.

 

Речиси сите испитаници поседуваат телевизор во домаќинството 99,5 проценти од кои мнозинството (90 проценти) плаќаат месечен надомест за телевизиски услуги иако не толку често ги следат странските канали.

 

Половина од домаќинствата што плаќаат месечна претплата за телевизија сигналот го добиваат преку кабелски приклучок (50,1 процент) по што следува IPTV (31,9 проценти) DVB-T (11,1 процент) и сателитскиот приклучок (1,5 проценти).  Според овие резултати се забележува пораст кај граѓаните кои ги гледаат домашните канали преку ДВБ-Т кои се бесплатни, а меѓу кои е и 1-ва скопска телевизија.

 

Интернет и телевизија стандардно се најзастапени услуги во пакетите додека најголем раст се забележува кај мобилната телефонија која се повеќе се користи во пакет со некоја друга услуга. Главен двигател за корисниците да земат услуги во пакет останува поевтината цена на пакетот во однос на поединечните цени на услугите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.