Оратори од Делчево учествуваа на Меѓународен натпревар во Благоевград

Тим од тројца натпреварувачи од делчевската гимназија Методи Митевски – Брицо учествуваа на вториот годишен Интернационален турнир по оригинално ораторство „Balkan voices 2019“ што се одржа во Благоевград. Како што истакна предводникот на тимот од Делчево, менторот Желеанка Демирова, се работи за турнир со високо поставени стандарди адаптирани за возраста на натпреварувачите кои идентификуваа одредена проблематика која потоа со своите ораторски вештини ја адресираат со аргументи и даваат свои идејни решенија.
 
 
-Настапот на нашите учесници беше беспрекорен и оценуван од судии поставени од организаторите. Првично имаше две рунди, од кои еден од членовите продолжи уште со два настапи на следното ниво. Немаше простор за аматерство во јавно говорништво, ниту во самите подготовки, а најмалку на турнирот. Со оглед на тоа дека беше прв пат учество во таков вид на натпревар, нашите членови беа одлични како и другите учесници, истакна Демирова.
 
 
За учениците ова искуство беше одлична можност за запознавање со млади оратори од Балканот.
 
 
-На турнирот учествуваа оратори од Албанија, Бугарија, Србија и Романија, а ние се претставивме со три теми. по наш избор, Ова за нас беше едно прекрасно искуство кое во многу ќе влијае за нашиот понатамошен професионален развој, истакна ученичката Евгенија Пандова.
 
 
Тројцата претставници од Македонија се здобија со пофалници и признанија кои лично им беа доделени од еминентни имиња на Американскиот универзитет во Благоевград.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.