Договорот од Преспа една од темите на средбите на Кумуцакос во Вашингтон
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Март 2019
Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон, а освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Кумуцакос, имал средби со новиот помошникот државен секретар Филип Рикер, со заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со Јури Ким, шефот на Директоратот на Стејт департментот за Југоисточна Европа.
Во однос на Договорот од Преспа, според грчката новинска агенција АНА-МПА, Кумуцакос на средбите ја повторил цврстата позиција на Нова демократија дека станува збор за штетен договор и истакнал дека не е урамнотежен затоа што Република Северна Македонија е единствената страна што има конкретна корист преку интеграцијата во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.
-За жал не постои нешто конкретно и материјално, што грчките граѓани ќе го видат како позитивен резултат од овој договор. И ова треба да се излечи и е еден од големите залози за следната влада на Нова демократија, за да се справи со негативните последици и да создаде конкретна политика во корист на интересите на земјата, рекол Кумуцакос.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс