Заврши првата фаза од Стратегија „Велес Паметен град-2019 -2030"

Визијата за „Паметен град Велес" е тесно поврзана со можноста за користење на Инфрматичко-комуникациските и други технологии и иновации во корист на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и паметно управување со ресурсите на градот.

 

Нацрт верзијата на стратегијата ќе биде разгледана на претстојната 31-ва седница на Советот на Општина Велес што ќе се одржи идниот четврток. Веднаш потоа документот ќе биде ставен на увид на јавноста за евентуални предлози и забелешки.

 

Од Општина Велес наведоа дека Стратегијата опфаќа пет стратешки подрачка. Првата е Паметно управување со енегијата/ресурсите и заштита на животната средина.

 

– Паметно јавно осветлување, паметно управување со отпад, поттикнување на употреба на паметни технологии – мерење со инсталирање на паметни мерачи за континуирано следење на потрошувачката на електрична енергија, гас, топлина, но исто така и следење на водоводната мрежа и системот за одведување на отпадните/атмосферските води, појаснуваат од Општина Велес.

 

Второто стратешко подрачје е генерирање одржлива урбана мобилност заснована на користењето на технологиите, иновациите, човечкиот капитал, економските придобивки за градот, како и податоците и информациите кои се однесуваат на репроценка и подобрување на самиот план за одржлива урбана мобилност на Велес, што подразбира јакнење на јавниот градски превоз со воведување на електрични возила и возила кои користат „чисти" погонски горива (гас и сл.) , паметни паркинзи, регулација и контрола на мобилност за пешаци и велосипедисти, а како што наведоа од Општината, таа област детално е опфатена и со Планот за одржлива урбана мобилност на чија изработка работи словенечката компанија „АПИА".

 

Третата стратешка област е развој на дигитална инфраструктура што вклучува широкопојасни комуникациски мрежи и долгорочно обезбедена и достапна дигитална инфраструктура, која претставува основа за сите напредни паметни услуги за сегашните и идните потреби во градот.

 

Четвртата стартешка област е паметно и транспарентно управување кое вклучува систем за управување со дигитални јавни услуги.

 

Петтата стратешка област е паметно живеење и социјални услуги- пошироко подрачје во чиј домен влегуваат паметните концепти и решенија од областа на образованието, претприемништвото, иновациите, креативните индустрии, културата, пристапот до фондови, како и широк спектар на социјални услуги со фокус на ранливите групи граѓани.

 

– Акциониот план на стратегијата вклучува голем број активности и проекти чија цел е преку користењето на информатичко-комуникациската технологија и енергетската ефикасност да се подобри животот на велешани во сите области во надлежност на општината, потецираат од Општина Велес.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.