„Еко-свест“ почнува еколошки пост, ги повикува граѓаните да се приклучат

Во последните неколку години нашата земја е погодена од екстремни временски услови- поплави, суши и поројни дождови со зачестени електрични празнења. Јавниот простор во нашите градови е речиси непостоечки, а квалитетот на живот во градот значително намален. Нашата земја губи 3000 човечки животи годишно поради загадениот воздух, истакнуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, повикувајќи ги граѓаните да се приклучат на еколошки пост.

 

Имено, „Еко-свест“, по повод одбележување на првиот ден од пролета и меѓународниот ден на шумите, денеска го започнува првиот еколошки пост, за време на кој ќе се пости од користење автомобил, купување производи во пластика, од шопинг со пластични ќесиња, ќе се оди пеш и со велосипеди, ќе се оди на шопинг со платнени торби, ќе се штеди на струја…

 

– За време на 20-дневниот пост ќе си го носиме со нас реупотребливото шише или термос за вода, ќе садиме многу медоносни растенија и зеленило на балконите и во нашите дворни површини, ќе штедиме вода, ќе јадеме сезонска храна која е одгледана во нашата земја и креативно ќе го реупотребуваме пластичниот, стаклен и текстилен отпад, истакнаа од Центарот.

 

Од „Еко-свест“ на еколошкиот пост ги поканија и политички лидери, законодавниот дом, судиите, министрите и градоначалниците, упатувајќи апел до нив, еколошките пости да ги употребат со цел да преземат активности за носење и спроведување правилни политики со кои ќе ни овозможат чиста животна средина и безбедна иднина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.