МЗШВ: Да се внимава при активности во нивите и шумите поради опасност од пожари

Временските услови кои се значително погодни за појава на пожари на отворен простор, на земјоделски површини и во шумските предели, покрај огромната штетата кај земјоделските култури и добитокот претставуваат и сериозна опасност по човечкиот живот, нагласуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, апелирајќи до сите лица кои извршуваат активности во земјоделството и шумите за крајно внимантелно и одговорно однесување.

 

'Од Министерството посочија дека само овој месец ЈП „Национални шуми" евидентирало 70 пожари со опожарена површина од околу 1,600 хектари.

 

– Ваквата појава, пред се, се должи на палење стрништа и земјоделски површини, што поради временски услови кои се погодни за пожари брзо ги зафаќаат и шумските површини. Покрај стрништата пожарите гореа и борова шума, овошни насади, багрем, нискостеблеста деградирана шума во приватна и државна сопственост, наведуваат од МЗШВ.

 

Потсетуваат дека палењето пожари е забрането и потенцирајќи дека таквото дело е казниво по закон. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.