Јакимовски: Не ја повлекуваме иницијативата за уставноста на мораториумот за градба

Управниот одбор на Градежната комора  при Сојузот на стопански комори на Македонија едногласно одлучи да не ја повлекува поднесената иницијатива за оценување на уставноста на мораториумот за градење во општина Центар заради тоа што мораториумот не е во согласност со закон и Устав, изјави денеска Ивица Јакимовски, претседател на Градежната комора, во коментар на неодамнешната одлука на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Центар.

 

Иницијативата до Уставен суд, појасни, е резултат на тоа што во изминатите 15 месеци не успеавме да оствариме соработка со општина Центар со цел да ги доставиме нашите аргументи дека ниту во Законот за просторно урбанистичко планирање, ниту во Уставот, не постои терминологија мораториум и запирање.

 

– Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален  урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото, рече Јакимовски, одговарајќи на новинарско прашање.

 

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Центар до носење на конечната одлука за неговата уставност, на иницијатива на Градежната комора и Стопанската комора на Северозападна Македонија. Со мораториумот воведен на крајот на 2017 година  беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-планските документации од деталните урбанистички планови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.